Центарот за следење земјотреси во Вухан, град во централна Кина, претрпел сајбер напад извршен од хакери од странство, соопштија локалните власти, наведувајќи дека нападот бил „поддржан од странска влада“ и дека дошол од САД.
Се вели дека дел од мрежна опрема во Центарот за следење на земјотресот во Вухан била сајбер нападна од прекуокеанска организација, но времето на нападот не е наведено, пренесува Ројтерс.
Имено, како што пренесуваат кинеските државни медиуми, во системот била вметната програма „задна врата“ способна да контролира и краде податоци за сеизмичката активност.
Кинеското Министерство за надворешни работи го осуди нападот, велејќи дека „неодговорниот“ чин ја загрозува националната безбедност на земјата.
„Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да ја заштити својата сајбер безбедност“, изјави портпаролот на Министерството Мао Нинг.