Американски Ф-16 се урна над Жолтото море во Кореја

Американски-Ф-16-се-урна-над-Жолтото-море-во-Кореја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, соопштија американските сили во Кореја.


Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал и бил извлечен од јужнокорејската морнарица од морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопштија американските сили. Пилотот е во стабилна состојба.

Авионот полета денеска од американската воздухопловна база во Гунсан, на западот на Јужна Кореја. Причината за несреќата се истражува, а засега се знае дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.

28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK