Американската крајбрежна стража спаси маж и неговото куче кои пловеле 25 милји од брегот на островот Санибел во Флорида за време на ураганот Хелен.
Еден човек се јавил на радио каналот за вонредна состојба на морето – откако неговата едрилица долга 11 метри наиде на проблеми и почна да се полни со вода, соопшти крајбрежната стража на платформата „Икс“.
#Breaking @USCG Air Station #Clearwater saved a man & his dog, Thurs., during Hurricane #Helene after his 36-ft sailboat became disabled & started taking on water approximately 25 miles off Sanibel Island. Call the #USCG for help on VHF Ch. 16 or dial 911 for storm distress. #SAR pic.twitter.com/DtdyouxfMN
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) September 27, 2024
Ураганот Хелен беше еден од најголемите што го погоди Мексиканскиот залив
Со ширина од приближно 675 километри, доволно за да ги покрие цела Англија и Велс, ураганот Хелен е трет по големина, веднаш зад Ајда во 2017 година и Опал во 1996 година, кои беа широки 740 километри.
Поради својата големина, Хелен предизвика големи проблеми, вклучувајќи го и подигнувањето на нивото на морето, штетните ветрови и обилните дождови, кои ја погодија Флорида, Џорџија, а сега се шират во Јужна и Северна Каролина.