Акар: Близу сме до продолжување на Договорот за извоз на жито

zito
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Близу сме до договор за продолжување на спогодбата за извоз на украинско жито, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, соопшти неговото министерство.







Од почетокот на конфликтот, Турција успеа да ги одржи односите со Украина и Русија.

Анкара беше еден од клучните фактори за склучување на таканаречениот Црноморски договор на 22 јули минатата година, потпишан на 120 дена. Договорот потоа го потпишаа ОН, Украина, Русија и Турција.

Црноморскиот договор овозможи да се ублажи светската криза со храна предизвикана од војната, а подоцна беше продолжен за уште четири месеци.

Договорот истекува на 18 мај и Русија не даде одобрение за трето продолжување.

САД и Обединетото Кралство во вторникот заеднички повикаа на продолжување на договорот, осудувајќи ја, како што велат, континуираната руска употреба на храната како оружје.

Русија го осудува неспроведувањето на уште еден договор постигнат со Украина со кој се дозволува извоз на нејзините жита и вештачки ѓубрива.

Москва се жали дека не може да го продаде своето производство на ѓубрива поради западните санкции кои влијаат на финансискиот и логистичкиот сектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK