Повеќе од 30 летови на германската авиокомпанија Луфтханза до и од аеродромот Завентем во Брисел во периодот од средата навечер до саботата наутро беа откажани поради штрајк на персоналот на Луфтханза.
Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.
„Има шест лета до и од Минхен и 11 летови до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања“, изјавија за новинската агенција Белга на аеродромот во Брисел.
На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк.
Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.