Абас наскоро во посета на Кина

ABAS
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинскиот претседател Махмуд Абас следната недела ќе ја посети Кина, соопштено е денеска во Пекинг.

Кина ја изрази својата подготвеност да помогне во посредувањето во израелско-палестинските мировни преговори. Пекинг се позиционираше како посредник на Блискиот Исток и во март посредуваше за обновување на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија, ривали во регионот каде што САД имаат најголемо влијание со децении.


На покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, Абас ќе престојува во државна посета од 13 до 16 јуни, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

– Абас е првиот арапски шеф на држава што ќе ја посети Кина оваа година, што е одраз на добрите односи со Палестина, кои традиционално се пријателски, рече портпаролот на Министерството Ванг Венбин. Тој додаде дека Абас е „стар и добар пријател на кинескиот народ“ и оти Кина секогаш ја поддржува праведната кауза на палестинскиот народ „да ги врати своите легитимни национални права“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK