19 берачи на тартуфи загинаа во експлозија на мина

Screenshot-2024-03-17-082640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 19 лица, собирачи на тартуфи во сириската пустина, загинаа откако нивното возило налета на мина во некогашното упориште на џихадистите на Исламската држава, соопшти денеска невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права.

Според организацијата, која е со седиште во Велика Британија и има огромна мрежа на извори во Сирија, 19 цивили, меѓу кои 12 жени, загинале во експлозија што се случила во пустината на провинцијата Рака во северна Сирија.

Во возилото имало повеќе од 20 лица, од кои многумина се повредени.

Исламската држава, која контролира големи делови од територијата во Сирија од 2014 година, беше поразена во март 2019 година во воени операции од меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, сојузничка со курдските сили.

Многу џихадисти потоа се повлекоа во сириската пустина, оставајќи зад себе бројни мини во областа.

Сириската пустина е позната по тартуфите, наводно меѓу најдобрите во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK