Војниците на вооружените сили на Нигерија беа нападнати од заседа.
Најмалку 17 војници на армијата на Нигер загинаа, а 20 се ранети во заседа во терористички напад, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја.
Министерството за одбрана соопшти дека околу 100 „терористи“ биле неутрализирани, а уништени се 50 мотоцикли за време на воената операција започната како одговор на заседата.
„Операцијата за пребарување се уште е во тек“, се додава во соопштението.
Владата изрази сочувство до семејствата на загинатите и на повредените и им посака брзо закрепнување.