139 луѓе во Русија имаат симптоми на ботулизам, многу од нив се во тешка состојба

rusija-brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 139 лица во Русија побарале лекарска помош со симптоми на ботулизам во изминатите неколку дена, соопштија вчера властите. Ботулизмот, што се пренесува преку храна, е ретка болест предизвикана од токсин произведен од еден вид бактерии, Clostridium botulinum.


Јадењето храна контаминирана со токсинот може да предизвика парализа, отежнато дишење, а понекогаш и смрт. Симптомите типични за ботулизам може да вклучуваат силна абдоминална болка, повраќање, дијареа, заматен вид, сува уста, отежнато голтање или зборување и невролошки нарушувања, пишува Асошиетед прес.

Во Москва 121 лице побарале лекарска помош поради сомневање за ботулизам, изјави вчера заменик-градоначалничката Анастасија Ракова за руската државна новинска агенција Тасс. Таа додаде дека 55 заболени се во тешка состојба, од кои 30 се на интензивна нега.

Дванаесет лица побарале лекарска помош поради сомневање за ботулизам во Нижни Новгород, град на околу 400 километри источно од Москва. Девет од нив се во тешка состојба, соопшти регионалното Министерство за здравство. Шест лица се хоспитализирани со симптоми на ботулизам во Казан, град на околу 700 километри источно од Москва.

Се чини дека здравствените власти поврзаа барем некои од случаите во Москва со две марки салати, готови за јадење. Рускиот надзорен орган за јавно здравје Роспотребнадзор ја прекина продажбата на салати откако беа пријавени првите случаи на труење и сега се чекаат резултатите од истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK