13-годишно девојче и нејзината мајка пронајдени починати во Виена: полицијата трага по таткото

13-годишно-девојче-и-нејзината-мајка-пронајдени-починати-во-Виена-полицијата.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австриската полиција трага по 53-годишен маж, поради сомнение дека во стан во Виена ги убил сопругата (51) и ќерката (13).


Телота на позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени околу 7 часот и 20 минути, откако мајката на убиената повикала полиција, бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката.

Полицијата веднаш започнала потрага по сопругот на убиената адвокатка, поради сомнение дека е вмешан во делото.

Првите сознанија од истрагата покажуваат дека и мајката и девојчето биле задавени.

Не се знае кој е мотивот на злосторството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK