Германија ја потресе снимка од преживувањето на 12-годишното момче, кое беше брутално претепано и малтретирано од група негови врсници.
Снимката која изминативе неколку дена кружи на социјалните мрежи е создадена во февруари, а на неа се гледа како момче удира, навредува, а потоа дави момче кое го моли да го остави на мира. Најмалку уште две момчиња и една девојка стојат на страна, а најмалку еден од учесниците во инцидентот го снима грозоморното искуство.
На видеото можете да се слушнат и децата.
„Дали ја навреди мајка ми?“, се слуша како момчето го прашува малтретираниот тинејџер, пред да му удри шамар.
Додека целиот црвен од ударите во лицето потврдува дека ја кажал навредата, момчето добива уште една шлаканица, а тинејџерот потоа го извлекува и го дави.
Насилството се случило во Шлезвиг-Холштајн, а за настанот била информирана полицијата.
„Учесниците во видеото се две 12-годишници, кои поради нивната возраст не можат кривично да одговараат. Случајот е проследен до надлежната социјална служба“, изјави портпаролката на полицијата Сандра Фиршинг.
Таа рече дека училиштето во кое посетувал настава малтретираниот тинејџер, реагирало соодветно, му ја пружило неопходната помош на момчето и за се веднаш ги известило надлежните.
Според тамошните медиуми, не е точно утврдено дали насилството се случило во училиштето. Како што пишува „Билд“, семејството на малтретираното момче неодамна се преселило во Утерсен од Баварија.