12-годишно девојче со месеци сексуално злоставувано од група момчиња, меѓу нив и малолетници во Австрија

12-годишно-девојче-со-месеци-сексуално-злоставувано-од-група-момчиња-меѓу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австриската полиција покрена истрага против 17 лица, главно малолетници, под сомнение дека сексуално злоставувале 12-годишно девојче во текот на неколку месеци.


Меѓу осомничените за злоупотреба се и српски државјани, пренесуваат медиумите во регионот.

Дванаесет осомничени се малолетници над 14 години, едно лице има 19 години, двајца се помлади од 14 години и не се кривично одговорни во Австрија, додека идентитетот на уште двајца осомничени не е познат, изјави Флоријан Финда, функционер на австриската полиција.

Меѓу осомничените има државјани на Австрија, Турција, Сирија, Италија, Бугарија и Србија, пренесува АП.

Тие се осомничени за тешка сексуална злоупотреба на малолетно лице и порнографско прикажување на малолетно лице, прецизира Финда.

Се сомнева дека злоупотребата се случила во периодот од февруари до јуни 2023 година во гаражи, станови на осомничените и на други локации во Виена, како и дека во едниот случај било употребено насилство, а во другите, жртвата била вербално принудена на сексуален однос, велат инспекторите.

Жртвата и нејзината мајка го пријавиле случајот кај властите во октомври, според АП.

По опсежните истраги, во четвртокот беа сослушани 13 осомничени, некои ги признаа делата, други негираа, а еден беше уапсен поради отпор кон полицијата, според извешатите.

Инспекторите сè уште го испитуваат материјалот од нивните мобилни телефони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK