11 канали на Телеграм блокирани во Русија поради терористичка содржина

dims.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руската агенција за следење на комуникациите Роскомнадзор го ограничи пристапот до 11 канали на платформата Телеграм поради „терористичка содржина“ во последните два дена, објави  агенцијата РИА.

„Од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење на разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти Роскомнадзор.

РИА наведува дека на барање на Роскомнадзор биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или забранет пристап до нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK