Тамара Јованов: За македонЦките преговори или “зошто постојано во преговорите го добиваме дебелиот крај од стапот?”

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За македонЦките преговори или “зошто постојано во преговорите го добиваме дебелиот крај од стапот?”
Вината не е во странците; не е ниту во нашите соседи и нивните неразумни барања (кој вели дека мора да се разумни?)!

Вината е наша, поточно на нашите неспособни власти, кои цели 30 години не успеаја да креираат сериозна дипломатија која ќе развива здрави односи со другите земји.
Со години сведочиме еден крајно инфериорен и потчинет однос на нашите политичари кон странците и тоа, дури и кога никој тоа од нив не го побарал!
Едноставно, нивната неукост за подобро и поинаку, во комбинација со нивната желба да “припаѓаат” во елитното друштво, ги прави лесно подложни на поданичко однесување пред нивните странски “богови”.
Во однос, пак, на ставот на “боговите” кон нивните поданици, една претажна слика која кружеше деновиве (од Зеленски на нато коктел), јасно ја демонстрираше нивната свирепост и спремност на тотално уништување на цели народи, додека дотерани се дружат на коктелчиња.
Нејсе, да се вратам на темата преговори!


Очигледно е дека ЕУ со години покажува тврд стил на преговарање, а нашиве марионети пак, на тврдиот стил, одговараат со мек стил на преговарање.
Ова во превод значи, тие нам шамарот, ние ним, другиот образ!
Ќе беше ок ова, ако другиот образ не значеше државата низ вода! Арно ама…
Ќе речете, да, ама они се силните?! Можат да не’ уценуваат, а ние мора да слушаме?!

Да, ама и не баш!

Балканот на Западот му треба, од стратешки аспект.
Не се тука позиционирани затоа што не’ сакаат, туку затоа што им треба да доминира нивното влијание на просторов, наместо други странски влијанија.
Ние пак, ниту еднаш не се обидовме да испреговараме било што корисно за нас во процесот. Едноставно се демонстрираше послушност, на едно незавидно ниво!
А никој не може да ти земе толку, колку што самиот можеш да дадеш!
Што треба(ше) да направиме?
Наместо меко преговарање, од самиот почеток треба(ше) да се пристапи кон мудро (принципиелно) преговарање:
1. Одвојување на проблемот од луѓето. Фокусот да е на проблемот кој треба да се решава, а не на луѓето кои ни солат памет што и како треба да прифаќаме!
Секогаш кога ќе дојде странец да ни дели ум, тој е комплетно небитен, оти нашиот фокус треба да е на клучното прашање (што е предмет на барањето?).
2. Фокус на интересите, наместо на позициите!
Кои се нашите интереси?
Кои се нивните интереси?
Што е слично, а што спротивставено?
Што е црвена линија за двете страни?
Кои се грижите, стравовите, последиците поврзани за интересите на двете, трите страни?
Што може да биде НЗС?

Небитно дали имаме целосно различни ставови, треба(ше) детално да се разговара за интересите, се’ додека не обезбедиме задоволително ниво на заштита на сопствените интереси, без сериозни последици и ризици за другата страна.
Наш клучен интерес не може да биде неопределено ветување за влез во ЕУ, туку примарно, зачувување на суверенитетот и унитарноста на државата!
3. Креирање на повеќе можни опции како решенија, пред одлука за конкретно решение!
Кои опции ги видовме ние во процесот, освен ултимативни еднострани условувања, придружени со лажни ветувања?!
А знаете што велат за ветувањата (обечање, лудом радовање).
Добивме ли отстапки и признание од другата страна?
Добивме ли некое ниво на реципроцитет?
Добивме ли приказ на добра волја по било кој основ?
Добивме ли должна почит ко народ во процесот?
Добивме ли извинувања кои историски ги должат?

НИШТО!
Апсолутно ништо НЕ добивме!
Само ветувања (радувај се ако си луд)!
Мудри преговори не водат до одлуки базирани на ветувања!
4. Критериуми и објективни принципи!
Резултатот на преговорите треба да базира на некои објективни стандарди.
Во нашите преговори, сите објективни стандарди (меѓународно право, воспоставени стандарди кои важат за Западот, принципи на државотворност, принципи на меѓународна дипломатија…) беа погазени!
Се наруши право на суверенитет!
Се наруши почитување на Устав!
Се наруши право на самоопределување!
Се наруши право на јазик, историја, култура… воопшто право на постоење!
Кои тоа објективни критериуми ги следиме ние во овие срамни и неуки преговори?
На што ги базираме одлуките, освен на сервилност?
Ако властите не можат, не сакаат, не умеат… Народот мора да го запре ова самоуништување, кое произлегува од неукост и субмисивност на едната (нашата) страна и отворени претензии и алчни интереси на другата страна.

Ако се цениме себеси како народ, ќе бараме мудри преговори и договори!
Нашата досегашна мекост, ќе се согласите дека не ни донесе ништо, а ни одзеде многу!
Освен, ако не ви пречи да бидеме вечни губитници, кои немаат проблем да си ја изгубат и државата.
Тогаш, ништо. Ок сме значи и вака.
А ќе биде и полошо, колку да си знаеме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK