Тамара Јованов: Неутралност во време на неправди?

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неутралност во време на неправди?
Меѓу академската фела и бизнисмените, неретко ќе сретнете т.н. неутрални ликови, кои во името на некаква замислена лична слобода и сочувување на профитот, стојат на ставот дека не бираат страна.

Тоа во превод значи: не сакам да се лишам од комфорот кој го имам или не сакам да го изгубам она што сум си го стекнал.
И ова би било сосема ок, да живееме во нормално општество, каде секој има можност да си ја гледа својата работа.


Сепак, свесни сме дека живееме во апсолутно НЕнормално општество, во кое скоро ништо НЕ функционира; во кое нема најосновни услови како учебници по училиштата, столчиња во предавалните, лекови и лекари во болниците, храна на нивите, работници по фирмите, патишта и канализација, воздух за дишење…
Еј, воздух немаме, а некој би да биде неутрален?!
Си замислува дека е над ситуацијата – интелектуална величина?!
Не можеш да не им се смееш или да не ги презираш!

Наводен интелектуалец, т.н. успешен човек, кој не разбира дека во срушен систем не постои нешто како комфор, сигурност, слобода; дека е нужно да се бориш и делуваш активно за подобро општество; е најобичен идиот!
(Од грчкото idios – лично, приватно; некој што мисли само за себе).
Македонија е дојдена до точка на вриење, момент од кој со погрешен избор или игнорирање многу тешко ќе може да испливаме.

Не попусто се рекло дека во време на неправда, неутралноста значи одработување за агресорот!
Молкот не им помага на угнетените, туку го охрабрува угнетувачот!
Конечно, мора да се решите што сте – интелектуалци (некој што делува за општото добро наспроти неправдата) или најобични идиоти!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK