НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ КРСТОТ НА ПОПОВА ШАПКА
Реакциите за 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка не само што се претерани по сите основи туку се и израз на непочит, крајно лицемерие и двојни стандарди од страна на албанските политички фактори во Македонија.
Особено ако се земе во предвид дека живееме во период кога на Попова Шапка врие од бесправно изградени објекти, во период кога на Попова Шапка бесправно е изградена и четирикатна џамија со 20 метарско минаре, во период кога низ државата бесправно се изградија повеќе споменици, кули и “музеи” на УЧК, некои од нив “украсени” со карти на Голема Албанија, во период кога при пречек на високи гости од Косово се мавта со знамиња на Голема Албанија и знамиња на соседни држави без притоа да се истакне и македонското знаме, во период кога се заговара пуштање на химната на Албанија во училиштата во Македонија, конкретно во Тетово…
Убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна?
Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка.
Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана.
А вие пробајте да го срушите.