Сашо Тасевски: Сепак се исплати кога не ќутиме

sasho tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сепак се исплати кога не ќутиме.







Црно семе и Црнила се вратени како лектири, по притисокот на кој што ги изложивме велепредавниците и внатрешните непријатели.

Под сличен притисок на јавноста ги затворија и бугарашките антимакедонски клубчиња во Битола и Охрид кои носеа имиња на соработници на Хитлер.

Сепак не е добро кога државата сама не знае да се брани од непријателска пропаганда, па мора поединци, фали или групи да реагираат.

Тоа не зборува ништо добро, оти предавниците, петтата колона и внатрешниот непријател секогаш ќе најде време за кафе муабет со претставници на соседните држави за да смисли нов атак против македонството.

Деновиве еден наш дипломат од МНР ми кажа дека министерството е во целосен распад по доаѓањето на Османи. Дека толку лошо никогаш не било.

Тие што треба да те бранат по надвор, да ги штиат македонските интереси, не постојат, ги нема, заложници на една антимакедонска политика.

Хасипи се правеше паднат од Марс за Црно семе и Црнила, па тоа е одлука од 2019 година, сега треба да се спроведе. А зошто да не е паднат од Марс, кога припаѓа на вишата раса ко и Бујар. Што ги заболе нив за Македонците

Сега се силни и им се може, зашто ќутевме и им дозволивме.

Гледате се антимакедонско се прави ко со бугарашките клубчиња, по формулата АПП – Ако Помине, Помине.

Да немаше притисок од јавноста, до сега предавниците заевци и тачевци, стопати ќе потпишеа дека сме неосвестени Бугари кои зборуваат бугарски.

Ги запревме, барем привремено.

Иста е сега приказната со лудата родова и сексуална идеологија на ЛГБТ.

Ако им ќутиме ќе им помине се што имаат замислено. Секоја пореметена идеја.

Затоа мора да останеме будни.

И гласност.

Можеби не е толку попусто, ко што мислев.

Да бидеме гласни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK