Проф. Ванковска: Трката во вооружување на Балканот не престанува и покрај очајната економска и социјална состојба

vankovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трката во вооружување на Балканот не престанува и покрај очајната економска и социјална состојба. Дел од причините се внатрешни, односно играње на картата на политика на стравот, придржување до старата филозофија дека единствена одбрана е воената, а соседите се милитантни, но и поради фактот дека војските се и натаму едни од најпрестижните институции (таму каде што граѓаните не веруваат во ниту една демократска институција, довербата е висока во армијата и во црквата).







Вториот фактор е надворешниот, односно воено-индустрискиот комплекс кој постојано се развива, нуди ново оружје, бара модернизација итн. Украинската војна е дополнителен фактор кој влијае на еден феномен на „враќање кон минатото“, т.е. кон конвенционалните војни за кои мислевме дека нема да се повторат. На пример, постојат информации дека балканските земји забрзано набавуваат дронови (тоа е научената лекција од украинско-руската војна, дека класичните системи за воздушен напад/одбрана веќе се изменија). Ова што се случува овде е, за жал, дел од една општа појава на глобална милитаризација и светот се наоѓа на опасен раб да се самоуништи.

Во демократските општества, се уште постојат прогресивни гласови кои бараат демилитаризација, решавање на воените судири со дипломатски средства и преговори, денуклеаризација, итн. Притисокот на милитаризацијата има крај: економската издржливост и социјалниот (не)мир. Гледаме што се случува деновиве со протестите на земјоделците во Германија. Еве, дури и во Бугарија има опозиција на континуираното набавување на воена опрема за сметка на социјалните потреби на граѓаните. За жал, кај нас такви гласови, на организирано ниво, едвај и да има. Секој повик од таков вид се квалификува како „проруски“, „непријателски“ итн. А стапката на сиромаштија расте, задолжени сме преку гуша, ама за модернизација на АРМ мора да има пари. За волја на вистината, АРМ е војнички и технолошки слаба арамија и НАТО/САД го знаеја тоа одамна, но им требавме од геополитички причини. Земјава едвај го поднесува товарот на НАТО членството, а добивме повеќе обврски и трошоци отколку безбедност. Жално е што нема интелектуален и експертски дискурс на оваа тема, која би рекла дека е табу-тема кај нас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK