Ја гледам ситуацијата на Косово и околу Косово, па си мислам: доволно ми е побелена косата за да го имам ова дежа ву чувство. Се’ е исто (или слично), ама обратно.
Тоа се тие циклуси на конфликтите за кои предаваме. Ниту еден конфликт нема точен почеток и крај, не е права линија. Циклус е! И насилството е во форма на спирала. Ако во фазата на смирување не дојде до помирување и соочување со минатото, се’ почнува одново.