Со новиот закон којшто дозволува до 72 часа работна недела лажните бивши комунисти и лажните “борци за човекови права” од ОВК не вратија во XIX век.
Не слушнавме дали некоја друга партија ќе го укине овој нехуман закон ако дојде на власт.
Не слушнавме ни некој доктор меѓу пратениците да го крене гласот и да им каже колку луѓе ќе го изгубат здравјето и прерано ќе умрат поради континуирано преработување и преморување.
Црн пред очи ќе ми биде автопатот Битола-Прилеп, додека пред очите ми излегуваат измачените лица на несреќните работници, солзите и клетвите на нивните семејства.
Аир и бериќет да не видат злотворите кои изгласаа таков закон и им посакувам еден ден и тие самите да мораат да работат по 72 часа неделно за странски газди.