Проф. Најчевска: Дали треба да се донесе Закон за бранителите од конфликтот од 2001 година? Според мене не треба да се донесе ваков закон

najchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали треба да се донесе Закон за бранителите од конфликтот од 2001 година?
Според мене не треба да се донесе ваков закон.

Треба да се донесе Закон за обештетување на жртвите од конфликтот од 2001 година.
– Во еден таков закон треба да се предвиди обесштетување на сите оние кои како дел од полицијата и војската се повредени и на семејствата на сите загинати полицајци и војници.
– Никако не смее да има законско решение со кое би се исплатила штета на било кој припадник на ОНА или член на семејство на припадник на ОНА кој загинал во конфликтот.



Не смее да се поистоветат луѓето кои согласно законот и Уставот учествувале во конфликтот со оние кои го предизвикале конфликтот, кои ја нарушиле безбедноста на државата и граѓаните и кои делувале во насока на насилно рушење на правниот поредок на државата.
Со склучувањето на договор за мир овие луѓе се поштедени од кривична одговорност и им е дадена можност без никакви последици од своите противправни дејствија да учествуваат во економскиот и општетсвениот живот на државата.

– Меѓутоа, во еден ваков закон треба да биде предвидена оштета за сите цивилни жртви од конфликтот нанесена од страна на полицијата и војската и нивните семејства (независно од етничката припадност).
– Трет дел од еден ваков закон мора да биде обештетување на внатрешно раселените лица (незвисно од етничката припадност) кои со огромна леснотија ги заборавија сите владејачки структури.
За да се изработи закон кој ќе биде основа на помирување, а не на нови конфликти потребна е широка јавна и стручна расправа, а не текстови подготвени од полуписмени и потполно неписмени претставници на одредени политички партии.

И секако мора да се отвори расправа за тоа зошто и како дојде до конфликтот, како се справи државата со конфликтот, и посебно за пропустите и грешките на тогашниот раководен кадар на чело на државата, во полицијата и во војската, кои доведоа до непотребни жртви и непотребна штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK