ТАЖНО ИСКУСТВО. Сегашната судбина на Украина покажува дека надворешните пријатели, како и таканаречените стратешки партнери се само голи, празни и од секоја смисла лишени зборови, сеедно колкава била нивната подршка (како декларативна, така и практична, воена) бидејќи после толку војување и разрушување Украина се најде сама, макар што ѝ се ветуваше сè и сешто.
Се потврди дека нејзината судбина ќе ја решаваат некои други сили, надвор од неа и без нејзино учество, макар било и симболично.
Наскоро ќе се покаже дека и Владимир Зеленски не бил ништо друго освен добро и докрај искористена и тренирана фигурина, сеедно кој што мислел за него и сеедно што тој си замислува за себе. Ова треба да го имаат предвид сите кои безрезервно им веруваат на странските пријатели, како и на таканаречените стратешки партнери, бидејќи освен голиот, суров интерес тешко друго може да се најде во овој несвет свет. Не попусто народот тврди дека секој треба да се потпира врз себе и врз сопственото магаренце, макар било и мало, сосема мало, бидејќи никој друг нема да се грижи за тебе, како што ти се грижиш за себе.
https://www.facebook.com/share/153VnPz8bX/