Проф. Андовска: Во целава ситуација со “правичната застапеност”, најмногу ме мачи ова

darija andovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во целава ситуација со “правичната застапеност”, најмногу ме мачи ова:







Како не се навредени тие,
што се бираат според етничка припадност, наместо според квалитет?
Јас би била ужасно навредена
и ќе сметам дека не сум соодветно или доволно ценета,
ако за некоја работа ме изберат не зашто сум најдобра,
туку зашто сум Македонка.

На пример.
Или зашто сум женско.
Или било која друга причина, која не е поврзана со професионалноста.
Конечно, треба да имате апсолутна доверба во вашиот лекар, оти вашиот живот е во негови/нејзини раце,
а довербата не се создава според етничка припадност,
туку според стручност и компетентност.
Сакате како нормален свет да функционираме?
Е па во нормален свет не те прашуваат за етничка припадност, ниту кој ти е стрико, туку гледаат колку вредиш и како работиш.
Или не сакате воопшто да функционираме?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK