Кога ќе им кажете на Вашите деца “одете малку надвор за да си поиграте со другарчињата”, потребно е да го имате во предвид следново:
👉продолжуваат да зјапаат во паметните телефони,
👉не разговараат меѓу себе,
👉не се дружат,
👉не играат групни игри…
🫣едноставно го прават истото она што го прават дома, но овојпат седнати еден до друг.
🏙️Толку многу се занесени во својот свет, што не ни забележуваат кој поминува покрај нив, и дали треба да се тргнат за да направат пат.
Влезени во тој нивни виртуелен свет, се оддалечуваат од реалниот.
⚠️Внимавајте!!!
Оттргнете ги од мобилните телефони, нека играат меѓусебно, нека се социјализираат, нека ги издраскаат колениците и лактите, нека си дојдат дома валкани и испотени… Тоа им треба, верувајте ми!!!