Наде Молеровиќ: Оној кој од лични причини не е задоволен со себе си и своите постигнувања секогаш ќе критикува, негодува или озборува

nade_molerovikj_3543453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се сеќавам на еден убав совет од еден господин:

Наде што и да направиш за луѓето тие секогаш ќе имаат своја причина да не им се допаднеш.


И златни кваки на вратите да сакаш да промениш секогаш ќе “мрчат” и ќе мрачат. Овие зборови ми беа водилка секогаш да го правам најдоброто што можам без калкулација и манипулација.

Без омраза, без лутина и без горчина. Разбрав дека луѓето со нивното однесување и зборови всушност се откриваат самите кои се!

Човек што сака, човек кој е среќен со тоа што е ќе се радува и на туѓи успеси!

Оној кој од лични причини не е задоволен со себе си и своите постигнувања секогаш ќе критикува, негодува или озборува.

Кога ќе ги слушав како со своите јадикувања и драми се жалат на секоја промена или идеа ми беа јасни.

Секој зборува за тоа што го има во себе!!

Не се јадосувај зошто некој не те цени.

Не се навредувај зошто некој ти кажува ова или она. Тој само си се опишува себе си со секој негов изговорен збор!

И не е поради ТЕБЕ?

Тој си има своја причина која нема врска со тебе!

Едноставно! Разбирливо!

Ти прави си најдобро што можеш, заради себе и својот мир!!

Остави ги нека си мрчат!!! Насмевни се!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK