Мери Јордановска: Јас едноставно не гледам надеж после ова. Да си обичен смртник овде станува претешко, речиси неиздржливо

meri_jordanovska_23432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Случајот со Клиниката за онкологија е најстрашното, најјезивото, најнехуманото и најгрозниот скандал во историјата на македонското здравство.

Дали ќе дојде до разврска – искрено имам голем сомнеж (од две причини, функционалноста на обвинителството и тешкотијата на докажување на делото), но едно знам, и ова ќе звучи многу песимистички.


Државата веќе ја чувствувам како една истрошена искршена барака, без струја вода и основни услови за живот, руинирана, смрдлива, никаква, оти сите што живееле внатре никогаш ниту исчистиле, не смениле сијалица и не воделе ниту основна хигиена.

Дури и бараката да се сруши, со ветување дека ќе се изгради најлуксузен замок, внатре повторно ќе влезат истите луѓе или некои слични на нив, кои за кратко време повторно ќе ја вратат руинираната барака од која се шири страшна смрдеа.

Јас едноставно не гледам надеж после ова. Да си обичен смртник овде станува претешко, речиси неиздржливо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK