Ѓуров: Зошто тука проблемите не се решаваат?

lazar gjurov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЗОШТО ТУКА ПРОБЛЕМИТЕ НЕ СЕ РЕШАВААТ?
Загина девојката.
Ја згази додека поминувала зелено на пешачки, Васил млад деликвент кој бил пијан и без дозвола.
И тоа создаде гнев и гадење.
Исто како за луѓето кои изгореа во Тетово.
Исто како за Вања која ја убија.
И….за многу други ситуации.
Настан.
Емоција (гнев).

Таа емоција создава потреба одма да се бара виновник.
И наоѓаме…на прва. Првата логична работа што ни текне.
…почнуваме на плукаме.
Бараме линч.
Тоа трае неколку дена.


Политичарите подучени од пи ар експерти го хендлаат гневот со изјави полни сочувство и верувања “ќе превземе мерки…”, “никогаш да не се повтори….”
…и после три четири дена гневот стивнува…и влегуваме во летаргија.
Џабе е се!
Ова не е држава!…и сл.

Таквиот емоционално незрел патерн може да се види во многу ситуации.
Ќе се дигнат бројките на загадениот воздух….ајдеее гнев…пишување….и пак летаргија.
Се организира протест луѓе нема….поминала емоцијата.
Ваквиот пристап ја отсликува нашата колективна емоционална незрелост.
Контролата на гневот и негово трансформирање кон лутина за на долг рок за да не бутка кон акција, …барање на повеќе од еден виновник поточно анализа на комплексноста на причините на проблемот…правењето план за корегирање на сите аспекти кои го создале проблемот….и задржување на мотивација и упорноста да се дејствува се додека системски не се корегираат работите, за нас се научна фантастика.

Настан – емоција – барање еден кривец – напаѓање и плукање без ширање на сликата, анализа и без јасни акции – ќе се испукале – летаргија.
Толку!
Од утре нов настан, стариот инцидент го забораваме….и пак ист циклус.
Линч за родителите!!!
Важи!
А кој ќе го направи линчот?
Нели е тоа глупост која не може да се изведе?
Наместо тоа нели е поумно оставка и кривична за тие кои го пуштиле откако бил фатен со дрога?
Наместо тоа нели е поумно истрага зошто решението да оди во Поправен Дом не било спроведено и апс за виновниците?
Наместо тоа нели е поумно одговори и одговорност зошто долги години има камери по улиците а не работат?
Или барање информации чија е колата и кој му дал или како ја украл?
Или информации има ли уште такви решенија кои патуваат вечно и не се извршуваат и има ли и ако да колку деликвенти се такви на улица во овој момент?
Или информација зошто детето и неговата проблематичното не била препознаена и решњна во школо?
….и дали сега во школите има деликвенти (А има) кои согласно законското решение ништо не му можеш?
Па за секоја информација да се креираат сет на чекори за корегирање.
Памтите за детето насилник кои го преместуваа скришно во друго школо….сега некој нешто информира? Или помина гневот и терај магарето!
За болницата во Тетово има исход?
За воздухот имаме план?
Многу е комплексно….испукан се и бутај нека чури 😔

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK