Рацин може да е сврзното ткиво на сите нас, со реакциите кон серијата се покажа тоа. И крши едно табу кое е наметнато од некои десни сили дека не можеш да си комунист и Македонец во исто време.
Комунизмот е космополитски и интернационален, но тоа можат некои други кои не им се загрозени ни историја, ни јазик, ни идентитет. Во моментот и леви и центар и десни треба да сме прво Македонци па потоа сѐ друго. Може Рацин да нѐ спои во еден тек на заедничка борба, да нѐ смири. Да нѐ смири брат со брата, сосед со сосед, татко со син затоа што нѐ закрвија за да нѐ владеат. Да за помирување меѓу нас, не за помирување со оние кои нѐ раскараа и уништија.
Вечер во 20 часот на Телма.