102 години од раѓањето на вечниот, на Џинот од Небрегово – Блаже Конески.
Така зборуваше Блаже за нашиот јазик, ко пророк на она што го живееме.
Наше е само да слушаме и да ја чуваме таа татковина.
„Послушајте Македонци! Бидете на штрек пред таквите ’правни’ диверзии, од каде и да идат! За нас повеќе отколку за многу други во светот, јазикот претставува, со сѐ што е на него создадено, како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е заправо единствената наша комплетна татковина.
И оние наши места што се испустени живеат во нашата традиција со песните, приказните, гатанките и поговорките, запишани некогаш во нив, и оние наши места што се испустени ги опишува, опева и слави современата литература на македонски јазик.
Затоа и во моменти на ломења, раслојувања и колебања, последно што треба да ни паѓа на ум е да ги поставуваме под прашање придобивките на нашата самостојна акција на јазичен план“.