Тасевски: Тоа е. Такви сте. Такви сме. Теа си е супер

sasho tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не е проблемот во Теа Таировиќ. Народот тоа сака бе. Тоа е нивото. Сите што биле да ја гледаат еве ги два дена зборат како мешала. И мажи и жени. Каква нога држела. Еден ми вика ја глеам жена ми до мене, ја гледам Теа, ми се плачеше од мука.







Кој ни е крив што ние не сме создале наша Теа, наша Цеца, наша Брена, па да рокаат по балканов.
Но поголем проблем е што уште подалеку сме да создадеме, наш Ноле, наш Јоковиќ, наш Глоговац, наш Бјелогрлиќ…Кога ќе имаш свои серии и филмови што ги гледаат на пет континенти никој нема да гледа турски. Кога ќе имаш наши светски шампиони во одбојка, кошарка, шах, атлетика… Свој Момо Капор, свој Павиќ… Кога ќе имаш свое а светско, во спортот, уметноста, филмот, кој ќе гледа во Теа?
Е тука прашајте се ЗОШТО?

Такашто, може да кукаме до сабајле ко Ламбе или кој и да е, оти кај нас,е,се стихија, ако се појави некој случајно кој ќе ги пробие границиве на нашава паланка, добро, ако не, кукаме. За 30 години не создадовме механизам за производство на врвност, дури и во курварлукот и турбо фолкот.
А како народ сме тоа. Колку од вас прочитале повеќе од десет книги у животот, ако се важи и Зоки Поки. Да не зборувам за врвна литература или филозофија и тие срања.

Не ни мора,да читате, ако живеете добро, без мисли за разни глупости околу вас, што ве праат турбо фолкери, фанови на Теа или која и да е.
Само десет дена пред неа се случи Вања. Но дојде Теада ви замеша, па заборавивте на Вања. Сега и Нова Година, ќе дојдат и други, да ви замешаат, ќе шмркаат кока на сцена и ќе ви пеат за скапи коли и курави, а вие ќе паѓате у транс, ќе раскажувате по Скопје Вилиџ каде сте биле.
Тоа е. Такви сте. Такви сме. Теа си е супер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK