Фреди Гилеспи е новиот кошаркар на Црвена звезда, потврдија од клубот од Белград.
Гилеспи (26, 206) е роден во Минесота, а играше за неколку клубови во НБА.
.@freddieg_33 je novi košarkaš Crvene zvezde Meridianbet!
Welcome, Freddie! 🔴⚪️#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/zLodYSLPZp
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) December 18, 2023
Прво за Мемфис, па Торонто и Орландо, пред да се испроба во Европа, во дресот на Баерн, за кој настапува од 2022 година.
Тој е центар со просек во кариерата од 3,7 поени и 5 скока во елитното натпреварување.
Сезонава одигра 13 натпревари, но според минутажа не одигра многу.
На паркетот мина околу девет минути, постигна 2,2 поени и имаше 2,4 скока.
Доаѓањето на Гилеспи би можело да значи и заминување на Мајк Тоби од клубот.
Фреди Гилеспи е веќе во Белград и ќе се приклучи на тимот на тренинзите веднаш по задолжителните лекарски прегледи, објавија српските медиуми.