Зверев го победи Алкараз во четвртфиналето на АО

Зверев-го-победи-Алкараз-во-четвртфиналето-на-АО.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Александар Зверев ја комплетираше листата на полуфиналисти на Австралија опен. Зверев во четвртфиналето го победи Карлос Алкараз со 3:1 (6:1, 6:3, 6:7, 6:4), за нешто повеќе од три часа игра.

Зверев прв пат во кариерата на грен слем турнир успеа да победи Топ 5 играч. До финишот на третиот сет Германецот буквално го збриша својот противник. По два брејка во првиот и вториот сет му беа доволни да дојде до 2:0 во сетови за само 70 минути игра.

Ментално попушти во финишот на третиот сет, кога при резултат 5.3 сервираше за победа, а потоа целосно потоа во тај-брејкот и го врати Алкараз во мечот.

Во четвртиот сет Шпанецот приреди вистински сепктакл, но тоа не му беше доволно да изедначи. Еден лош гем, осмиот, кога му дозволи брејк на противникот на крајот го однесе во пораз.

Зверев во полуфиналето ќе игра против Данил Медведев, второто полуфинале е меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK