Боб Бимон, легендарниот американски атлетичар, реши да го продаде на аукција својот златен медал освоен на Олимписките игри во Мексико сити во 1968 година.
Бимон победи во дисциплината скок во далечина, со легендарен скок од 8,90 метри. Тоа беше светски рекорд до 1991 година, кога во Токио границата на соништата беше поместена на 8,95 од Мајкл Пауел.
Аукциската куќа очекува дека за овој медал во Њујорк би можел да достигне цена меѓу 370 и 550 илјади долари.
„Имам 77 години и дојде време да му го предадам медалот на некој кој го цени овој спортски подвиг. Ова е одличен начин да се прикаже наградата, но и да се зачува споменот за неа“, изјави Боб Бимон.