Стивен Џерард гостуваше во подкастот на Рио Фердинанд. Поранешниот капитен на Ливерпул, меѓу другото вели дека жали што никогаш тренер не му бил Жозе Мурињо.
„Го сакам како менаџер и како личност. Имавме „врска на далечина“ со години. Но, жалам што не играв за него. Мислам дека тоа би ме направило подобар играч. И знам дека ќе додадев неколку трофеи во мојата колекција“, рече Џерард во подкастот на Фердинанд.
По епскиот триумф во 2005 година, во финалето во Лигата на шампионите, медиумите шпекулираа дека Џерард ќе се пресели во Челси, на чија клупа седеше Мурињо.
„Но, гледајќи наназад од оваа перспектива, не жалам што не потпишав за Челзи, воопшто не жалам поради тоа. Среќен сум со одлуките што ги донесов“, додаде Џерард.
„Мојата врска со Ливерпул, со клубот од мојот роден град, можеби не донесе толку многу успеси низ годините. Освојувањето на трофејот ми беше важно, но исто така важни ми се и сеќавањата и она што тие ми значат. Фактот што освоив четири или пет трофеи со Ливерпул ми значи повеќе отколку ако освоив десет или 11 со Челзи“, вели Џерард.