Заврши авантурата на Зиеш во Галатасарај, Мароканецот замина од Истанбул

Заврши-авантурата-на-Зиеш-во-Галатасарај-Мароканецот-замина-од-Истанбул.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мароканскиот фудбалер Хаким Зиеш (30) реши да ја прекине соработката со Галатасарај. Тој веќе го напуштил Истанбул и нема намера да се врати таму.


Мароканецот побарал од клубот да го раскине договорот со Челзи за едногодишна позајмица со задолжителен откуп. Ова го потврди и менаџерот Џорџ Гарди, кој изјавил дека нема да има никакви проблеми околу раскинувањето на позајмицата.

„Авантурата на Хаким Зиеш во Галатасарај започна добро, но не заврши како што треба. Тој го извести клубот дека сака да замине од Истанбул. Нема да ни направат проблем“, изјави Гарди.

Зиеш одигра 14 натпревари за Галатасарај, постигна четири гола и забележа две асистенции. Она што е јасно е дека тој нема да се врати ниту во Челзи.

Менаџерот Маурисио Покетино го отпиша одамна. Се претпоставува дека 30-годишниот офанзивец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, каде многу тимови сакаат да го видат во своите редови и од каде има профитабилни понуди.

Тој минатото лето беше на прагот да потпише за Ал Наср. Но, падна на лекарските прегледи, па на крајот наместо во Саудиска Арабија заврши во Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK