Францускиот репрезентативец, Недим Ремили го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на Европското првенство во Германија. Ремили со Франција го освои златниот медал, по победата над Данска 33:31.
Ремили е третиот француски репрезентативец со оваа награда. Двапати МВП беше Никола Карабатиќ (2008 и 2014 година), а првиот Французин кој ја доби оваа награда беше Џексон Ричардсон (2000 година).
На ова првенство Недим Ремили постигна 34 гола и имаше 53 асистенции, но не беше избран на својата позиција во идеалниот тим на првенството според изборот на експертите на ЕХФ и повеќе од 20.000 луѓе кои гласаа на апликацијата „Дом на ракометот“.
Најдобар среден бек е Германецот Јури Кнор, а неговиот соиграчи репрезентацијата, Андреас Волф е најдобра голман.
Французите во идеалниот тим го имаат само пикерот Лудовик Фабрегас, додека Данска има двајца претставници во најдобриот тим: десниот бек Матијас Гидсел и најдобриот одбранбен играч Магнус Саугструп.
Најдобар лев бек е Португалецот Мартим Кошта, најдобро лево крило е Швеѓанецот Хампус Ване, а најдобро десно крило Австриецот Роберт Вебер.