Вујовиќ се врати во хрватскиот ракомет

Вујовиќ-се-врати-во-хрватскиот-ракомет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Веселин Вујовиќ (63) повторно ќе биде тренер во Хрватска. Како што пренесува „Вечерњи лист“, Вујовиќ ја презема екипата на Нексе од Нашице.


Нексе бараше тренер откако му се заблагодари на Бранко Тамше, а изборот падна на Вујовиќ, кој нема да мора премногу да се запознава со ситуацијата и односот на силите.

Вујовиќ два пати во кариерата го предводеше најдобриот хрватски клуб, Загреб.

Последнататренерска работа му беше во Иран. Минатата година првпат ја однесе оваа селекција на Светско првенство, но поради политичката ситуација реши да ја напушти државата.

Тој претходно, меѓу другите, раководеше со Шабац Металопластика, шпански Сиудад Реал, Вардар, словенечки Копер, катарски Ал Сад и ирански Сепахан, а освен на Иран, селектор беше и на СР Југославија, Србија и Црна Гора и Словенија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK