Волф: Ова е неприфатливо, ова е мојот најлош викенд во Ф1

Волф-Ова-е-неприфатливо-ова-е-мојот-најлош-викенд-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, викендот во Сао Паоло го нарече „неприфатлив“, па дури и најлош во неговата кариера.


По одличните изданија во Остин и Мексико Сити, и една година по победата на истото место, Мерцедес се надеваше на уште едно одлично издание на Интерлагос.

Сепак, викендот во Бразил беше кошмарен за Мерцедес. Луис Хамилтон и Џорџ Расел во квалификациите се мачеа со брзината, а во спринтот и самата трка имаа проблем со темпото во трката.

Епилогот на се беше четвртото место на Расел во спринтот и откажувањето во 57-от круг од трката, додека Хамилтон беше седми во спринтот, а ден подоцна на официјалната трка осми.

Според Тото Волф, недостатокот на перформанси прикажан во текот на викендот е збунувачки за него, а не нешто што тимот едноставно треба да го поправи.

„Имплементацијата на перформансите беше добар, но моментумот не се засноваше на тоа да бидеме речиси најбрзи во еден момент, а во следниот да завршиме таму каде што завршивме… на осмото место“, рече Волф. „За мене лично ова беше најлошиот викенд во последните 13 години.

„Тотално збунувачки и во исто време неприфатливо за сите нас. Ние сме одговорни, ние сме солидна екипа, но не изгледаше дека сме солидна екипа“.

„Гледајќи ги последните три трки, бевме една секунда зад Макс, а една недела подоцна не нема никаде. Мислам дека ова едноставно не е во ред“.

Мерцедес додаде дека нема едноставен одговор зошто во Бразил имале толку лошо темпо во трката. Сепак, Волф призна дека биле премногу конзервативни со висината на болидот, што може да биде значаен фактор.

По дисквалификацијата на Хамилтон од второто место на Големата награда на САД поради грешка на болидот, се чини дека тимот жртвуваше повеќе отколку што беше потребно во Бразил за да се осигура дека овојпат нема проблеми со правилата.

„Го кренавме болидот премногу високо… но тоа не беше главната причина за апсолутен лош викенд“, додаде Волф.

„Нешто суштински не беше во ред, првенствено механички. Не е задното крило и не е висината на болидот, бидејќи зборуваме за милиметар или два“.

Запрашан дали оваа трака покажа дека тимот не научил ништо за нивниот болид за 12 месеци, Волф рече:

„Тоа е збунувачки. Од навистина брз автомобил, најдобро избалансиран, но и среќни возачи, до кошмар. Како е тоа воопшто можно? Што е тоа? Што е проблемот? Нема да ме изненади доколку ги анализираме болидите во следните неколку дена и дознаеме дека има механички проблем со начинот на кој ги поставивме или нешто слично. Ќе видиме!”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK