Англискиот великан Ливерпул, в сабота ќе постави клупски рекорд по број на гледачи на „Енфилд“ на првенствен натпревар. „Црвените“ во 24.коло ќе го пречекаат еден од најлошите тимови во лигата, Барнли. .
Натпреварот ќе го следат 60.000 гледачи на реновираниот стадион. Актуелниот рекорд датира од далечната 1949 година. Во декември таа година дуелот Ливерпул-Челси (2:2), го следеле 58.757 гледачи.
Работите на трибината на „Енфилд“ не се целосно завршени, а кога ќе завршат на почетокот на март, капацитетот на стадионот ќе достигне 61.000.
Сепак, ниту новообновената трибина нема да му помогне на Ливерпул да го собори својот рекорд на посетеност на сите времиња. Во февруари 1952 година натпреварот во ФА купот против Вулверхемптон го следеле 61.905 гледачи.
Проектот за проширување на капацитетот на трибината на „Енфилд“ започна во 2021 година, а Ливерпул го чинеше 80 милиони фунти, односно повеќе од 90 милиони евра.