Францускиот ракометар ракометар Беноа Кункуд заврши во притвор поради обид за силување во ноќен клуб.
Кункуд беше дел од француската репрезентација која во неделата го освои европското злато победувајќи ја Данска во финалето.
„Доцна во ноќта, понеделник кон вторник, францускиот репрезентативец наводно во пијана состојба ги соблекол панталоните и се обидел сексуално да нападне млада жена“, објави „Лекип“.
Играчот на полски Киелце бил запрен од обезбедувањето кое го чувал до доаѓањето на полицијата.
Кункуд заврши во притвор и е осомничен за обид за силување на 20-годишна девојка.