Во јуни ќе се игра СП за играчи постари од 35 години

Во-јуни-ќе-се-игра-СП-за-играчи-постари-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во јуни оваа година, во Англија ќе се одржи првото Светско првенство за играчи постари од 35 години. На турнирот треба да настапат осум поранешни светски шампиони: Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија, Уругвај, Англија и Шпанија.

Натпреварот е организиран од „Elite Players Group (EPG)“, група на врвни поранешни фудбалери и спортски бизнисмени кои ги здружија силите минатата година. Натпреварувањето ќе се игра под името „EPG Cup“.

Право на учество на турнирот ќе имаат играчи на возраст од 35 или повеќе години кои настапувале за своуте национални тимови или настапиле на најмалку 100 натпревари во најсилното првенство на некоја држава.

Натпреварите би траеле 70 минути, ќе се игра 11 против 11 со „летечки замени“, а екипите би биле составени од 18 играчи. Познати се и датумите на натпреварите.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 4 и 5 јуни, двете полуфиналиња на 8 јуни, а финалето на 11 јуни. Организаторите намерно го избраа периодот помеѓу финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни и почетокот на Европското првенство на 14 јуни.

Засега е познато дека домаќинот Англија ќе ја предводат Стив Мекманаман, Мајкл Овен, Френк Лампард и Роби Фаулер, додека за Аргентинците сигурно ќе настапат Естебан Камбијасо, Ернан Креспо и Пабло Забалета.

За Бразил треба да играат Кака, Роналдињо и Ривалдо, а Франција ќе ја предводат Кристијан Карембу, Тиери Анри и Марсел Десаи.

Германските бои ќе ги бранат Кевин Курањи, Месут Озил и Сами Кедира, а за Италија ќе настапат Марко Матераци, Фабио Канаваро и Франческо Тоти. Кај Шпанците својот настап веќе го потврдија Мичел Салгадо, Давид Виља и Карлес Пујол, а кај Уругвајците учеството го потврдиле Диего Лугано и Диего Форлан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK