Лондонски Арсенал оваа зима би можел повторно да го обнови интересот за Душан Влаховиќ, пренесува „Скај спорт“.
Во моментов на второпласираниот премиерлигаш му недостига класичен центарфор, а таа позиција не можат да ја пополнат Габриел Жесус и Еди Нкетија.
Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра за Влаховиќ.
Шеесет милиони се помалку од 80-те што му ги плати Јувентус кога дојде од Фиорентина, но Влаховиќ во системот на Макс Алегри не ги оправдува вложените пари.
Сезонава постигна шест гола на 16 натпревари во Серија А.