Шпанскиот мотоциклист Маверик Вињалес победи на спринт трката за Големата награда на Португалија. Вињалес стана првиот возач кој запишал победа со три различни производители. Пред овој триумф со Априлија, тој победуваше со Сузуки и Јамаха.
Шпанските возачи го обележаа денот во Португалија. Зад Вињалес се пласираа Марк Маркез во Гресини, а трет Хорхе Мартин во Прамак Дукати.
Моментот кој практично одлучи Шпанците да го освојат подиумот се случи на четири круга пред крајот. Тогаш, лидерот во трката Франческо Бањаја, кој имаше сериозна предност пред Вињалес погреши и излета од патеката и загуби три позиции.
До крајот се водеше жестока битка за првите три места. Хорхе Мартин изврши сериозен притисок врз Вињалес, а откако не успеа да го помине, во последниот круг, грешката на Мартин ја искористи Марк Маркез.
Петтата позиција ја освои Џек Милер во Ред Бул КТМ, следеа Енеа Бастианини во Дукати, Педро Акоста во Ред Бул Тех 3, Алеиш Еспаргаро во Априлија, Фабио Квартаро во Јамаха, а топ 10 ја заокружува Раул Фернандес во Трекхаус.