Вилијам Салиба би можел да го пропушти СП


depositphotos_632406386_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Столбот на одбраната на Арсенал и француската репрезентација, Вилијам Салиба, би можел да биде надвор од терените неколку недели.


Француските медиуми денес открија дека Салиба чувствувал непријатност пред финалето на Лигата на шампионите, но сакал да игра по секоја цена и со тоа ја влошил ситуацијата.

Според последните информации, Салиба се соочува со неколку неделна пауза, поради што неговиот настап на Светското првенство е под знак прашалник.

Планот на селекторот, Дидие Дешан е централни дефанзивци да бидат Салиба и Дајо Упамекано, но постои голема веројатност дека ќе мора повеќе да се потпре на Ибрахима Конате.

Французите имаат широк состав, но отсуството на Салиба дефинитивно би влијаело на секој тим.

Тој одигра неверојатни 50 натпревари оваа сезона, и помина над 4.000 минути на теренот, па очигледно телото попуштило поради огромните напори.

Салиба одигра 31 натпревар за Франција од своето деби во 2022 година.

foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK