Милан триумфално ја стартуваше сезоната во Серија А. „Росонерите“ славеа на гости против Болоња со 0:2.
Оливие Жиру го отвори резултатот во 11.минута, а десет минути подоцна погоди и Кристијан Пулишиќ за совршено дерби во италијанскиот шампионат.
Дан Ндоје во 60.минута имаше убава шанса да намали, но не беше ефикасен.