Англија и Гана одиграа 0:0, во второто коло во Л групата на Светското првенство. Двете репрезентации имаат по четири бода и речиси сигурно место во нокаут фазата.
Натпреварот на „Жилет“ стадионо во Фоксброу беше еден од најздодевните во досегашниот тек од првенството.
Англија ја имаше топката, се обидуваше да креира нешто, но ииграчите на томас Тухел не можеа да ја решат компактната дефанзивна поставеност на Гана. Фудбалерите на африканската селекција речиси и да ги немаше пред голот на Пикфорд.
Англија своите единствени шанси ги создаде во 85-та и 86-та минута, Асаре најпрвин го одбрани ударот на Сака, потоа О’Рајли ја погоди гредата, топката падна пред Кејн, а англискиот капитен од шест метри неконтролирано шутираше над голот.
Foto/ EPA