(Видео) Борусија од 0:2 до бод против Ајнтрахт

Видео-Борусија-од-02-до-бод-против-Ајнтрахт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Ајнтрахт ремизираа пред своите навивачи со Борусија Дортмунд во натпреварот од деветтото коло во Бундес лигата со резултат 3:3 (2:1).

Борусија на овој натпревар дојде со пет првенствени победи во низа, како и серија од шест натпревари во сите конкуренции без пораз.

Ајнтрахт фуриозно го отвори натпреварот. Во шестата минута беше досуден пенал за домашната екипа. Напаѓачот на Франкфурт Омар Мармус беше сигурен од белата точка.
Истиот играч ја удвои предноста на својот тим со гол во 24. минута.

Избраниците на Един Терзиќ продолжија да го диктираат темпото, а наградата за тоа ја добија во самиот финиш на првото полувреме, играчот од средниот ред Марсел Забицер постигна гол во првата минута од судиското надополнување, со што ја преполови негативата.

Борусија израмни со голот на Мукоко во 54.минута. Нова предност на Ајнтрахт му донесе Фарео Шаиби во 68. минута.

Борусија израмни вторпат на натпреварот со голот на Јулијан Брант во 82. минута, по асистенција на Карим Адејеми.

Клубот од Дортмунд го зазема четвртото место на табелата со 21 бод, додека Ајнтрахт е седми со 14.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK