Душан Влаховиќ го постигна својот втор гол во два меча, за да ги спаси Јувентус од незгоден пораз од Болоња, за 1:1 реми на „Алијанц стадионот“.
Гостите имаа водство од 24. минута од мечот кога Луис Фергусон го матираше Матија Перин, за потоа тимот на Масимилијано Алегри да се мачи да најде пат до голот на Болоња.
Влаховиќ во 52. минута сметаше дека го израмнил резултатот, но неговиот гол беше поништен поради офсајд по проверката со ВАР, за во 80. минута да нема ваков сомнеж кога реализираше по одличната асистенција на младиот Англичанец Семјуел Ајлинг Јуниор.
СЕРИЈА А, 2.КОЛО
Јувентус – Болоња 1:1
Фиорентина – Лече 2:2
LUKAKU CHI? 😄😄😄😄
DUDUUUUU💪💪💪💪🤍🖤🤍🖤#JuveBologna#Vlahovicpic.twitter.com/4y093f3DB8
— Dani98 🥴🌚 (@_98Unknown_) August 27, 2023
Standings provided by Sofascore