(Видео) Вестбрук ја скрши раката

10cce2f378efa2858431a09463c78267.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Расел Вестбрук ја скрши левата рака во текот на првото полувреме на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Вашингтон Визардс, потврди НБА.


Вестбрук го напушти теренот по одбранбената акција над Џордан Пул во втората четвртина од натпреварот кој Клиперс го добија со 140:115.

Вестбрук ги одигра сите натпревари оваа сезона за Клиперс, на кои им се приклучи минатата година од градските ривали Лејкерси.

По доаѓањето на Џејмс Харден во клубот, тој ја доби улогата на „шести човек“ кој помага од клупата, а тоа го прави со просек од 11,1 поен, 5,2 скока и 4,5 асистенции за 23 минути по натпревар.

Ветеранот кој беше избран како четврти пик на драфтот во 2008 година играше и за Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс и Вашингтон Визардс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK