(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон


14161880.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата, Славко Винчиќ. Шпанија, ја освои втората светска титула во својата историја, откако во финалето ја победи Аргентина со 1:0, со голот на Феран Торес во 106-та минута.


Аргентинските играчи Леандро Паредес и Нахуел Молина беа во центарот на инцидентот. Паредес доби директен црвен картон за своето однесување по натпреварот.

Камерите го нотираа моментот кога Леандро Паредес го зграпчи Ерик Гарсија за вратот, а потоа го нападна Гави. Снимките, исто така, го покажуваат Молина како се замавнува кон еден од шпанските играчи од клупата.

Поранешниот англиски фудбалер Алан Ширер го коментираше инцидентот.

„Паредес удри некого во лице два или три пати. Тој едноставно ги нападна. На вакво однесување не му е место во спортот. Разбираме колку ова им значеше и колку боли поразот, но мора да знаете како да губите. Многу пати ова сме го виделе од Аргентинците. Нивната реакција по натпреварот е ужасна“, рече тој.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK